• понеделник, 04 ноември 2024

Занаетчиите од Куманово бараат сувенирница

Занаетчиите од Куманово бараат сувенирница

Куманово, 18 декември 2023 (МИА) - Занаетчиите во Куманово очекуваат да добијат простор во Занаетчискиот дом на градскиот плоштад, информираа денеска од Регионалната занаетчиска комора. Занаетчиите уше еднаш го повторија барањето до локалната власт кое во неколку наврати им беше ветено.

- Ни беше гарантирана не само сувенирница туку и канцеларии каде што ќе имаме и кабинети за таа практична настава, работилници во овој занаетчиски дом, но досега немаме одговор. Како комора на локално ниво се истакнавме, одржавме и ред обуки и субвенции за старите занаети добивме, но засега немаме одговор за ова. Се надевам дека локалните власти ќе слушнат, бидејќи освен што недостасува сувенирница сега немаме ниту тезги каде занаетчиите би ги продавале своите производи. Очекуваме да ни дадат за да можеме да се истакнеме уште подобро кога може на здружение ние сме комора, претставуваме над 1000 регистрирани занаетчии во нашата комора и верувам дека локалната власт ќе го слушне ова наше повторно барање, изјави претседателот на РЗК Куманово, Агрон Фазлији.

Градот сè уште нема сувенирница, иако занаетчиите уште во 2021 побараа објект каде домашните и странските туристи ќе можат да купат сувенир од општината.

Предвидено е сувенирницата да биде во еден од дуќаните од Занаетчискиот дом. Дел од дуќаните веќе се користат, а градот изминатиов период водеше правна постапка со сопствениците.

Во меѓувреме куќичките кои беа набавени пред повеќе од петнаесетина години се издаваа на дел од закупци, не на занаетчии на малиот градски плоштад. По реакција на дел од граѓаните дека тие го нагрдуваат новогодишниот амбиент, локалната власт одлучи годинава тие да не се постават. На малиот градски плоштад веќе се поставуваат новогодишни украси кои чинат три милиони денари. ам/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан