• понеделник, 23 декември 2024

Заменик-префектот на Кукуш апелира до граѓаните да ги ограничат патувањата во Северна Македонија

Заменик-префектот на Кукуш апелира до граѓаните да ги ограничат патувањата во Северна Македонија
Атина, 14 јули 2020 (МИА) - Повик до жителите на регионалната единица Кукуш (Килкис) да ги прекинат или да ги сведат на минимум патувањата во Северна Македонија, испраќа заменик-префектот Андреас Вергидис, јави дописничката на МИА од Атина. Во писмената изјава, но и говорејќи за грчката телевизија „Мега“, ја изразува неговата загриженост за зголемениот број случаи на Ковид-19, како на Балканот така и во нашата земја, и ја истакнува потребата да се спроведат одредени мерки или контроли на грчката страна од двата гранични премини Дојран и Евзони за жителите на пограничните делови кои често патуваат во Северна Македонија. - Грција не дозволува влез во земјата за државјани на Северна Македонија поради големото ширење на вирусот, меѓутоа жителите не само на регионалната единица Килкис, туку и од соседните региони, заминуваат на кратки посети во соседната земја, главно во градовите блиску до границата, факт што ги предупредува надлежните дека може да има увезување на вирусот, вели Вергидис. Со ист повик, минатата седмица, како што објави МИА, излезе и градоначалникот на Лерин (Флорина), кој побара од жителите на општината, патувањата кај нас да ги сведат на минимум, само доколку е неопходно. ср/лв/

Остани поврзан