• понеделник, 25 ноември 2024

Залужни отпуштен од воена служба, именуван за амбасадор во Лондон

Залужни отпуштен од воена служба, именуван за амбасадор во Лондон

Киев, 9 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за официјално разрешување на поранешниот врховен командант, Валериј Залужни од воена служба, наводно поради здравствени проблеми, а потоа го именува за нов амбасадор на Украина во Велика Британија и Северна Ирска.

Украинските медиуми јавуваат дека на Залужни ќе му биде дозволено да носи воена униформа, иако е ослободен од воената должност.

Исто така, денеска беше потпишан указ за разрешување на командантот на силите за специјални операции Сергеј Лупанчук, кој на таа позиција дојде пред околу половина година. На негово место ќе биде назначен Александар Трепак.

Зеленски денеска потпиша уште еден указ, со кој е избран нов командант на силите за поддршка на вооружените сили на Украина. Тоа е Дмитриј Герега. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан