• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Членовите на СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија

Заев: Членовите на СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - По тридецениското постоење на плурализмот во нашата земја токму членовите на  СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Покажаа демократска свест и начинот на кој се одржаа изборите ја позиционираа СДСМ таму каде што и е местото - на врвот во внатрепартиската демократија во земјата и многу пошироко. Ова го истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев по денешите внатрепартиски избори на кои доби нов четиригодишен мандат да ја води партијата. Ова, како што рече, е нова додадена вредност  нов стандард на македонската политичка сцена. Изрази огромна благодарност  за довербата која, како што рече, ми ја дадоа преку масовниот одѕив на првите диреткни внатрепартиски изобри. Горд сум, истакна, на сите мои другари и другарки СДСМ за демократскиот исчекор што го направија денеска. -Гласаа од најмладите до највозрасните членови. Гласаше целото наше членство од главниот град до најмалото населено место. Вистински државотворни партии ја имаат и одговорноста постојано да ја унапредуваат демократијата и слободата и во своите редови и во татковината, рече Заев.скс/вј/

 

Остани поврзан