• недела, 22 декември 2024

Заев најави брзо утврдување на причините за пожарот, изрази сочувство до семејствата на починатите

Заев најави брзо утврдување на причините за пожарот, изрази сочувство до семејствата на починатите
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев изрази сочувство до семејствата за починатите во пожарот што избувна во Ковид центарот во Тетово и им посака брзо оздравување на повредените.
Најави брзо утврдување на причините за пожарот за што, како што напиша на Фејсбук, веќе на терен работат правосудните органи.
- Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, напиша Заев на Фејсбук. бак/дма/

Остани поврзан