• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Масовно да се излезе на избори

Заев: Масовно да се излезе на избори
Битола, 22 октомври 2021 (МИА) - Докажавме дека имаме храброст кога треба да се носат одлуки, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва на партиски митинг во Битола. Кога државата беше заробена, без разлика на живот, без разлика на здравје, сите бевме тука. Марширавме заедно, протестиравме заедно, се исправивеме и соборивме режим, потсети премиерот Заев. -Кога требаше да се донесат одлуки за крупните горливи политички прашања во нашата земја на домашен и на меѓународен план – ние бевме тука. Донесовме храбри одлуки, но и мудри одлуки што прицврстија се што ни е важно нам и на нашите претци, на партизаните и војводите, на сите што гинеле за оваа наша Македонија. Донесовме исклучително исправни одлуки и покажавме дека не калкулираме со своите политички фотелји ниту со своите политички кариери. Носевме одлуки за народот, ние не сме како нашите противници кои шират лажен патриотизам, кавгаџии со сите надвор и дома., посочи Заев. Претседателот на владејачката партија Заев повика масовно да се излезе на избори и Христо Кондовски да биде идниот градоначалник на Битола. -Светот оди напред, а ние сме храбри борци. Ние носиме одлуки за нашите општини, за нашата татковина. Ве повикувам да дадете поддршка за храброста, за подоброто и за најдоброто за Битола, а тоа е Христо Кондовски, посочи Заев.мт/лв/

Остани поврзан