• понеделник, 23 декември 2024

Заев - Курти: Двете земји добро се справија со коронавирусот, неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите

Заев - Курти: Двете земји добро се справија со коронавирусот, неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите
Скопје, 25 мај 2020 (МИА) - Република Северна Македонија и Косово доста добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот, заклучија во денешниот телефонски разговор претседателот на СДСМ Зоран Заев и  Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување. Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот на СДСМ Заев истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок. Тој нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани. - Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочил Заев, додавајќи дека, како што соопштија од СДСМ, се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово. цр/

Остани поврзан