• сабота, 11 мај 2024

Заев: За Тетово имаме четири стратешки инвестиции вредни стотици милиони евра,100 милиони за Попова Шапка 

Заев: За Тетово имаме четири стратешки инвестиции вредни стотици милиони евра,100 милиони за Попова Шапка 

Тетово, 3 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев од централната граѓанска трибина во Тетово истакна дека за  градот и регионот ќе се реализираат четири големи проекти помогнати од централната власт.  Станува збор за развој на Попова Шапка, изградба на нова болница и обнова на стадионот, нова пречистителна станица и реализирање на замислата за регионална депонија.

-Првата е инвестиција преку европска компанија  за скијачки центри која ќе вложи 100 милиони евра во развојот на скијачки центар Попова Шапка.  Ја имаме најуникатна дестинација во Европа каде градот е во подножјето на планината. Ќе добиеме комплетен скијачки центар со најмалку три бренд хотели на чело со Кемпински. Ќе ја гради преку стратешка инвестиција најголемата европска компанија за скијачки центри. Во втора фаза во преговори сме со самата компанија и се надевам дека самата компанија тоа ќе објави, порача од Тетово, Зоран Заев.

Втор по големина проект е стратешка инвестиција со компанијата Еколог.

-Од таа инвестиција вредна 300 милиони евра имаме нова болница,  комплетно реконструиран фудбалски стадион и нови станбено - деловни површини. Проектот е најевропски што можел да го види регионот. Со семејство Дестани верувам  дека наскоро ќе се постигне договор за да се израдуваме, рече Заев.

Третиот проект е изградбата на пречистителна станица за отпадни води вреден 50 милиони евра каде 85 отсто се обезбедени пари од ЕУ, додека 15 отсто од буџетот. Четвртиот проект е регионалната депонија за полошкиот регион со изработени сите документи, а ќе се реализири во следните две години од новиот мандат на локалната власт. ас/дма/

Остани поврзан