• понеделник, 23 декември 2024

Завршна конференција „Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“

Завршна конференција „Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Завршна конференција „Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на коалицијата „Сите за правично судење“. На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат презентирани податоците добиени од спроведените истражувања, како мониторинг на седниците на Судскиот совет, анализа на работата на Судскиот совет, начинот на кој Судскиот совет ги избира и разрешува судиите, како и мислењето и перцепциите што го имаат судиите за Судскиот совет. Во рамки на проектот, кој е спроведен со финансиска поддршка од Амбасада на САД во Северна Македонија, направена е и анализа за кариерниот напредок на судиите, односно начинот на кој напредуваат, како и улогата што ја има Академијата за судии и јавни обвинители во поглед на континуираното обучување на судиите. аа/сп/

Остани поврзан