• петок, 22 ноември 2024

Заврши поврзувањето на штипската населба Горна Железнички со колекторскиот систем

Заврши поврзувањето на штипската населба Горна Железнички со колекторскиот систем

Штип, 12 февруари 2024 (МИА) - Завршија градежните активности за поврзување на канализациската мрежа на населбата Железничка со главната колекторска цевка, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека овој проект имаше инвестициона вредност од 30 милиони денари или речиси половина милион евра, а се реализираше во интерес на граѓаните и на фирмите.

-Знаете дека во изминатите неколку месеци проектот што го најавивме и го ветивме еве после долги години Горна Железничка ќе биде поврзана со колекторскиот систем. Станува збор за една инвестиција кој досега никој не се обидел да ја реализира, а е вредна повеќе од 30 милиони денари, вели Јорданов.

Тој додаде дека со реализацијата на проектот поставување на канализациона мрежа и поврзување со колекторскиот систем домаќинствата од населбата Горна Железничка, но и околу 50 фирми ќе имаат нормален начин на живот и функционирање. Јорданов на денешната прес-конференција најави дека наредните денови ќе се уредува и влзезот на самата населба, а очекува наредната година да се почне со градба и обиколницата од населбата Горна Железничка и Пребег до викенд населбата Плуждино, со што ќе се растерети сообраќајот за влез и излез од градот Штип. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан