• среда, 20 ноември 2024

Заврши заложничката драма во Домон, грабнувачот и неговата сопруга се пронајдени мртви

Заврши заложничката драма во Домон, грабнувачот и неговата сопруга се пронајдени мртви

Париз, 17 декември 2020 (МИА) – Според информациите испратени до БФМТВ, жандармите ја констатирале  смртта на мажот и неговата сопруга откако заврши заложничката драма во Домон, јави дописникот на МИА.

Припадниците на специјалните сили на француската полиција ГИГН  беа на местото на заложничката драма од 20:15 часот, во Домон, град сместен дваесетина километри северно од Париз. Мобилната жандармиерија, исто така, беше на местото на драмата, каде овој четврток кон крајот на попладнето, околу 18 часот, вооружен маж се забарикадира во претпријатие во Домон, каде што ја зеде својата сопругата како заложник.

Најмалку двајца вработени во претпријатието се повредени од огнено оружје. Тие биле пренесени во болница, но немаат посериозни повреди. Неколку лица биле пред зградата пред инцидентот.

Мажот и неговата сопруга биле во фаза на равод. Жената поднела жалба против него за семејно насилство, за што сопругот претходно бил осуден.

Обвинителството на Понтоиз  посочи дека отвори истрага за киднапирање, намерно насилство со оружје и обид за убиство.тг/сд/

Остани поврзан