Заврши „Графити Фест“ во Куманово, исцртани 18 графити и четири мурали
- Заврши седмиот по ред „Графити Фест“ во Куманово, исцртани се осумнаесет графити и четири мурали, информираа денеска од здружението „Форма“. Годинава, учествуваа осумнаесет ученици од различни држави од Европа, Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Германија, Италија, Хрватска кои цртаа кај гимназијата „Гоце Делчев“.
Куманово, 12 мај 2025 (МИА) - Заврши седмиот по ред „Графити Фест“ во Куманово, исцртани се осумнаесет графити и четири мурали, информираа денеска од здружението „Форма“. Годинава, учествуваа осумнаесет ученици од различни држави од Европа, Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Германија, Италија, Хрватска кои цртаа кај гимназијата „Гоце Делчев“.
- Исцртаните мурали и графити даваат нова слика во градот. Мислам дека успешно помина и сметам дека сме еден чекор повисоко во однос на целокупната организација и реализација. Сега мислам дека училиштето и општината треба ја да средат непосредната околина, со нови клупи и целосно осветлување на исцртаните дела, изјави Младен Трендевски од здружението „Форма“.
Цртачите цртаат на слободна тема на површини во урбаната заедница. Шаренилото од бои и контрасти го разбива сивилото во градот, сметаат организаторите кои се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура.
- За бројка веќе не размислуваме претходните години ги броевме, сега сме фокусирани на повеќе исцртани ѕидови и потполно да ги средиме сите ѕидни површини со убави графити и мурали. Имаме ангажмани во земјите од Балканот и во Скандинавија, максимално ќе се потрудиме да бидеме препознаени пошироко како амбасадори на Македонија во поглед на мурали и графити, изјави Трендевски.
Организаторите сметаат дека полека јакне свеста кај населението за зачувување на изработените мурали во Куманово и има наидуваат на одобрување кај граѓаните. ам/са/
Фото: Трајче Јанкоски