• понеделник, 23 декември 2024

Завршен настан на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите”

Завршен настан на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите”
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ќе одржат завршен настан на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите и другите установи за лишување од слобода” финансиран од Европската Унија. На настанот, како што информира Македонското здружение на млади правници, ќе учествуваат министрите за здравство, за правда и за внатрешни работи, директорот на Управата за извршување на санкции, преставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, на Хелсиншкиот комитет за човекови права, на Македонското здружение на млади правници, Јавното обвинителство, како и преставници од граѓанскиот сектор и други засегнати страни. На настанот ќе бидат претставени главните забелешки и препораки произлезени од спроведувањето на овој проект, како и препораки и идни активности за спречување на тортура и нечовечко постапување во затворските установи и другите установи за лишување од слобода. мс/мд/

Остани поврзан