• вторник, 05 ноември 2024

Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат претставници на разговори, изјави висок претставник на ОН

Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат претставници на разговори, изјави висок претставник на ОН

Картум, 1 мај 2023 (МИА) - Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат свои претставници на преговори, веројатно во Саудиска Арабија, изјави висок претставник на ОН.

Тоа се случува во услови на тековни судири во главниот град Картум, и покрај уште едно тридневно продолжување на прекинот на огнот.

Разговорите првично ќе се фокусираат на воспоставување „стабилен и веродостоен“ прекин на огнот надгледуван од „национални и меѓународни“ набљудувачи, изјави од Порт Судан Волкер Пертес, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за Судан.

Пертес предупреди дека логистиката на разговорите се уште се разработува. Засега само војската објави дека е подготвена да се приклучи на разговорите, без јавна изјава од нејзиниот ривал, паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Какви билло разговори меѓу двете страни би биле првиот сериозен знак за напредок од избувнувањето на конфликтот на 15 април, во кој суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, се бори за превласт и моќ против СПД, предводена од Генерал Мохамед Хамдан Дагало.

Најмалку 528 луѓе се убиени, а 4.599 се ранети од почетокот на борбите, соопшти суданското Министерство за здравство. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан