• понеделник, 23 декември 2024

Забрчанец: Во Северна Македонија постои речиси национален консензус за поддршка на „Отворен Балкан“

Забрчанец: Во Северна Македонија постои речиси национален консензус за поддршка на „Отворен Балкан“
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Досега се објавени четири анкети од релевантни институции, каде што се покажува дека граѓаните со 70 отсто ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“. Имаме речиси национален консензус и нема друга политика во Северна Македонија која има поголема поддршка од „Отворен Балкан“, изјави Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“ во Владата на Северна Македонија на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“ организиран од Центарот за граѓанско образование од Подгорица во Црна Гора. Тој додаде дека иницијативата веќе ги дава првите резултати – заемната поддршка и помош во справувањето со природните катастрофи, како и во поедноставувањето на постапките за извоз и увоз на храна и други производи. Освен тоа, како еден од позитивните резултати на „Отворен Балкан“, Забрчанец ја наведе одлуката на Владата на Србија да дозволи извоз на течен гас за болниците и училишта во Северна Македонија. аа/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан