• понеделник, 23 декември 2024

Забрана за мобилни во училиштата во Кина

Забрана за мобилни во училиштата во Кина
Пекинг, 4 февруари 2021 (МИА) - Министерството за образование на Кина донесе одлука да им забрани на учениците да користат мобилни телефони во училиштата. Образложението е дека ова ќе го заштити видот на децата, ќе спречи зависност од интернет и видеоигри, но исто така, ќе им овозможи на децата подобра концентрација при учењето. Забраната се однесува на носење телефони во кампусот и училишните игралишта, освен за оние ученици кои ќе добијат родителска согласност и писмено одобрение од училиштето. Сепак, децата мораат некако да комуницираат со своите родители, па така во училиштата ќе бидат поставени и телефонски говорници. Мислењата за оваа одлука се поделени - некои веруваат дека со тоа не се решава проблемот со зависноста на децата од интернетот и технологијата, додека други сметаат дека оваа регулатива ќе им помогне на децата да се ослободат од прекумерната употреба на мобилни телефони. Пред неколку години, во Кина беше донесен и закон според којшто на учениците им е дозволено да играат видеоигри само по 90 минути во работните денови, и три часа за викенд.  си/

Остани поврзан