• четврток, 24 октомври 2024

Жорди Алба најави заминување од Барселона по 11 години минати во клубот

Жорди Алба најави заминување од Барселона по 11 години минати во клубот

Барселона, 24 мај 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

 

Триесет и четиригодишниот Шпанец објави видео на социјалните мрежи во кое објави дека се пензионира. Неговиот договор со Барселона истекува на лето.

 

Шпанецот е „дете“ на Барселона. Во 2012 година Алба се врати во клубот од Валенсија. За Каталонците забележа 458 настапи, постигнувајќи 27 гола и 99 асистенции.

 

Како дел од Барселона, Алба шест пати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот куп и стана победник на Лигата на шампионите во сезоната 2014/15.

 

Сезонава Алба има два гола и шест асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања. Во мај Барселона најави заминување на уште една легенда на клубот Серхио Бускетс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан