• петок, 22 ноември 2024

Жичарницата на Водно нема да работи во петок

Жичарницата на Водно нема да работи во петок

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Во петок, жичарницата на Водно нема да работи поради редовен годишен технички преглед, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

- Од сабота, 23 септември, објектот ќе продолжи да работи вообичаено за овој период од годината. Односно, од 10 до 20 часот, при што во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, се појаснува во соопштението. бд/дма/

Фото: ЈСП Скопје

Остани поврзан