Жители од делчевското село Град на мирен протест поради недостиг со вода, од ЈКП „Брегалница“ велат дека се работи на решавање на проблемот
- Жителите на делчевското село Град денеска на мирен протест го искажаа нивниот револт за недостигот на вода во нивните домови. Се пожалија дека како резултат на постојаните прекини на вода во
Делчево, 22 ноември 2022 (МИА) - Жителите на делчевското село Град денеска на мирен протест го искажаа нивниот револт за недостигот на вода во нивните домови. Се пожалија дека како резултат на постојаните прекини на вода во водоводната мрежа им прегореле машините за перење и притоа не можат да ги извршувуваат своите основни хигиенски потреби.
- Јас мислам дека во 21 век треба да имаме вода, а не да плаќаме глеми сметки, а немаме вода за пиење, а камоли за перење и туширање. Оти јас со месеци вода сум немал, истакна жител на селото.
Дел од повозрасните жители велат дека поради тоа што немаат вода им изгореле дел од електричните апарати.
- Водата ја снема и ми изгоре пералната. Сега се чудам како со 10 илјади пензија да си купам перална. Пред некоја вечер немав вода да си ги испијам апчињата. Вода немаме, ѓубрето не се собира редовно, а сметки доаѓаат редовно, додава повозрасна жителка на селото.
- Слаба е водата еве од сабајле ја нема, во недела кога сме дома воопшто ја нема, ноќе ја нема, страшно е пералните се расипуваат од „пушти-исклучи“. Деца имаме треба да се бањаат, ова е срамота, додава родител од село Град.
Директорот на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, Стојче Стојковски истакна дека проблемот кој се јави во село Град е од повеќе причини.
- Водоснабдувањето во село Град се врши од два извора и тоа. Од каптажата која се наоѓа два километри над резервоарот за вода и од бунарот и пумпната станица по село Град. Во линијата која доаѓа од каптажата до резервоарот има многу мал доток на вода поради деефект на истата односно запушување и бидејќи се работи за должина од два километри екипите веќе четврти ден работат на пронаоѓање на причините за слабиот доток. Според мислењето на раководителот овде најверојатно се работи за човечки фактор, рече Стојковски.
Додаде дека при проектирањето на секундарната водоводна мрежа во село Град пред околу дваесетина година водата од пумпите е направена така што не влегува во резервоарот и секундарната мрежа, туку директно се пумпа во мрежата, поради што пумпите мора да работат постојано.
- Со тоа се создаваат енормните трошоци за струја кои изнесуваат 200.000 денари, далеку повеќе од она што се фактурира за потрошена вода, но тоа доведуваи до чести дефекти и прекини на водоснабдувањето, а при престанок на работата на пумпите повисоките делови остануваат веднаш без вода, додаде Стојковски.
Во текот на вчерашниот ден, како што додадоа од претпријатието, е саниран дефектот на главната доводна линија, но во утринските часовисе јавил друг дефект на главната доводна линија на кој во моментот работат екипите на ЈКП „Брегалница“ Делчево кој е пронајден и отстранет проблемот на линијата која иде од каптажата, за што очекуваат уште во текот на денот водоснабдувањето во село Град да се нормализира. вс/цр