• сабота, 06 јули 2024

Жители на Лозово може да конкурираат за сместување американски волонтер

Жители на Лозово може да конкурираат за сместување американски волонтер

Велес, 27 мај 2024 (МИА) - Десет семејства-домаќини од Лозово, во период од 28.09.2024 до 06.12.2024, во своите домови ќе сместат волонтери од Америка кои ќе посетуваат обуки, а потоа ќе заминат во градовите и селата низ државата кадешто ќе живеат и работат во наредните две години.

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски ги известува сите заинтересирани граѓани дека пријавувањата и аплицирањата за вдомување на волонтери од Америка е во тек. Сите заинтересирани граѓани за подетални информации може да се обратат во просториите на Општина Лозово или на телефонските броеви 077/749-897 и 032/458-458.|

-Во период од 11 недели волонтерите од Америка ќе бидат сместени во 10 семејства во нашата општина. Домаќините треба да им овозможат сместување - посебна соба која ќе ја користи само волонтерот. Потоа, храна, односно од семејството се очекува секој ден да обезбеди појадок, ручек и вечера за волонтерот и оброците треба да бидат она што вообичаено се подготвува за цело семејство. Секако хигиената поточно домаќинот еднаш неделно треба да обезбеди чиста постелнина и пешкир за волонтерот додека тој сам е одговорен за својата лична хигиена и перење на своите алишта, пишува во соопштението на градоначалникот Цветковски. ад/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан