• понеделник, 23 декември 2024

Жители на Берово зачудени од констатацијата дека воздухот во градот е загаден

Жители на Берово зачудени од констатацијата дека воздухот во градот е загаден

Берово, 6 јануари 2022 (МИА) - Жители на Берово се зачудени од констатацијата дека согласно одредени мерења воздухот во градот е загаден.

Сопственикот на компанијата „Зегин“, Благој Механџиски, кој денеска присуствуваше на Божиќната литија организирана во пресрет на Бадник, рече дека треба да се стави крај на нереалните тврдења за загадениот воздух во Берово, бидејки Малешевијата, според него, е еден од најчистите краеви во државата.

-Треба да се стави крај на шпекулациите кои неодамна преку одредени мерења го окарактеризираа Берово како град кој е еден од најзагадените во земјава. Пораката што ќе ја дадам е до докторката од Јавно здравје која направи голема штета на Малешевскиот крај, која го даде своето мислење, не знам од кој е нарачано да каже нешто што не е вистина и што е надвор од реалноста. Од ова место каде гледате има еден вид мирен простест на младите, ќе кажеме дека овој крај, е крај кој е најчист во Македонија и е крај каде има најмногу озон и кислород. Овде има некаде над 370 автохтони растенија каде има раритени борови шуми каде се е ставено во служба на чистиот воздух, со кој се гордееме. Затоа сакам од овде да порачам јсно и гласно дека треба да ставиме крај на ваквите изјави и лажно авторитети, кои не се точни. Апелирам до сите да го посетат нашиот Малешевски крај, кој е најчисти крај, дека сме најдобри домаќини затоа апелираме дека не само за Божиќните празници туку и за другите празници се добредојени за да се уверат во чистиот воздух, истакна Механџиски.

Турист од Скопје изјави дека веќе трет ден е во Берово, но, не почувствувал загдување.

-Никогаш во Берово воздухот не бил загаден. Не знам од кај се нашол мерачот кој тврди дека во Берово е загаден воздухот, еве вие шетате и гледате и не замо и зиме и есен, туку во текот на целата година не е загаден воздухот, вели граѓанка на Берово.

По дебатите од минатите денови на социјалните мрежи заради погрешно толкување и читање на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, Општина Берово и градоначалникот Звонко Пекевски официјално побараа одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање за официјалните мерења и мислење од министерството. 

Во интегралниот одговор кој општината го има добиено од министерството се вели дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух од мерното место во Берово од 1 декември 2022 година  до денес се бележат благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 од 50 микрограми на метар кубен.  

-Во првата половина од месец декември 2022 се бележат само 2 надминувања од 51 микрограм на метар кубен, додека од втората половина на месецот па се до денес се бележат 15 дена со надмината среднодневна гранична вредност.  Надминувањата како што напоменавме се поблаги и се движат под 75 микрограми на метар кубен со исклучок на само еден ден 28.12.2022 кога била измерена среднодневна гранична вредност од 118 микрограми на метар кубен. Од тој ден има тренд на опаѓање на концентрациите при што на 3 јануари 2023 година среднодневната концентрација била 52 микрограми на метар кубен, брифираа од Општината повкувајки се на одговорот од Министерството за животна средина.

Праговите на информирање и алармирање за РМ10 од мерното место Берово како што додадоа не се надминати овој период. Според уредбата за гранични вредности не се дефинирани часовни гранични вредности за РМ10 и РМ2,5. За РМ10 се дефинирани среднодневна (50g/m3) и годишна гранична вредност (40g/m3), додека за РМ2.5 е дефинирана единствено годишна гранична вредност (25g/m3), потенцирајки дека нема надминувања на граничните вредности на другите параметри. вс/мч/

Остани поврзан