• сабота, 29 јуни 2024

Жителите на кавадаречко Глишиќ добија нова улица 

Жителите на кавадаречко Глишиќ добија нова улица 
Кавадарци, 8 август 2022 (МИА) - Жителите на кавадаречко Глишиќ добија нова улица, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Оттаму појаснија дека заврши пробивањето и целосно асфалтирање на улицата „Благој Дафков“ со површина од 1.200 квадратни метри.
-Во тек се подготовки за асфалтирање на улицата „Ристо Миов’’, oткако претходно имаше трасирање, поставување на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и комплетно осветлување. Асфалтирањето ќе биде во два слоја на површина од 2.600 квадратни метри, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму нагласија дека со комуналната изградба, се инвестира во сите месни заедници, без разлика дали се тие урбани, или рурални. свд/дма/
Фото: МИА архива

Остани поврзан