• петок, 22 ноември 2024

Жителите на делчевското село Габрово го слават Митровден

Жителите на делчевското село Габрово го слават Митровден

Делчево, 8 ноември 2023 (МИА) – Во делчевското село Габрово започна одбележувањето на празникот Митровден. По тој повод Владиката Марко заедно со свештеници од делчевско-каменичката епархија отслужија црковна литургија, додека во попладневните часови за верниците е организиран црковен ручек.

Честитајќи им го празникот на сите православни христијани, иселеникот Зора Димитровска која долги години помага да се доизгради храмот посветен на Св. Великомаченик Димитриј, ги покани верниците со своето присуство да го збогатат празнувањето.

-За многу години денешниот празник на сите христијани, на сите што го слават Св. Димитриј. Се собравме денеска пак селото го слави тој празник. Владиката Марко кој прв пат доаѓа во оваа црква служи утринска литургија. Имаме доста луѓе што се на литургијата, ќе спремаме ручек сите се поканети, се надеваме дека времето ќе биде доброи многу здравје на сите им посакувам во име на сите од Габрово, рече Димитровска.Во однос на уредувањето на самата црква, како што додаде Горан Анакиевски жител на Габрово, во тек е доуредување на дворното место.

- Останува само дворот да се доуреди, чекаме на општината да ни помогне околу водата и потоа да го заградиме, додаде Анакиевски.

Свети Димитриј е главна селска црква во селото Габрово. Црквата е сместена во северниот дел од селото, непосредно на десната страна од патот кој води од Делчево.

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 11 октомври 2005 година од страна на тогашниот Митрополит Брегалнички г. Агатангел.

Градбата е проектирана од страна на архитектот Ѓорѓи Јанковски и е градена со помош на донации од верници, при што најголем дел биле од иселеници во Швајцарија. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан