• среда, 09 октомври 2024

Женскиот хор „Менада" од Тетово одржа концерт во Загреб, Хрватска

Женскиот хор „Менада

Тетово, 8 октомври 2023 (МИА)- Женскиот градски младински хор „Менада" од Тетово одржа концерт во Загреб, Хрватска.  Нивниот настап е по покана на Советот на македонското национално малцинство во Град Загреб кои викендов организираа свеченост по повод нивниот ден на основање 7 октомври.

-Концертот и свеченоста беа организирани од Светот на македонското национално малцинство во Град Загреб во соработка со  Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, македонското Министерство за култура и Македонската православна црква во Хрватска. Покрај Денот на Советот концертот беше и во чест на претстојниот македонски државен празник 11 Октомври и денот на заштитничката на на Македонската православна црковна општина (МПЦО) во Загреб  Свети Злата Мегленска, информираше диригентот на хорот „Менада“, Ивица Зориќ. 

Концертот на хорот беше одржан во македонската црква Света Злата Мегленска во Загреб, а хористките исполнија 16 композиции. ас/вг/


Фото: хор Менада 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан