• сабота, 11 мај 2024

Жена пријавила дека наставник поттикнувал малолетник физички да го нападне нејзиниот син

Жена пријавила дека наставник поттикнувал малолетник физички да го нападне нејзиниот син

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Жена од Скопје денеска пријавила дека на 19 мај на час во основно училише во Карпош по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното, како што соопшти МВР, малолетникот на 19-ти месецов во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР. мс/ев/

Остани поврзан