Ждрепка за ФА Купот: Јунајтед ја започнува одбраната на трофејот против Арсенал
- Вечерва беше одржана ждрепката за третото коло од ФА Купот, а во оваа фаза од натпреварувањето се приклучуваат клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип.
Лондон, 2 декември 2024 (МИА) - Вечерва беше одржана ждрепката за третото коло од ФА Купот, а во оваа фаза од натпреварувањето се приклучуваат клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип.
Домаќин на ждрепката беше „Олд Трафорд“, стадионот на актуелниот победник Манчестер Јунајтед. Токму двајцата поранешни играчи на „црвените ѓаволи“, Марк Хјуз и Дион Даблин ги извлекоа двојките.
Третото коло ќе се одржи на 11 и 12 јануари 2025 година.
Несомнено, најинтересна двојка е Арсенал и Манчестер Јунајтед, а ждрепката утврди дека ќе гледаме уште една пресметка на екипи од Премиер лигата - Астон Вила ќе му гостува на Вест Хем.
Манчестер Сити ќе му гостува на Салфорд Сити, Ливерпул ќе го пречека Акрингтон Стенли додека Челси ќе му гостува на Моркамб. Тотенхем ќе гостува кај Тамворт.
Еве ги останатите двојки од третото коло на ФА Купот:
Саутемптон - Свонси
Ексетер Сити – Оксфорд Јунајтед
Лејтон Ориент - Дерби Каунти
Рединг - Барнли
Норвич - Брајтон
Милвол – Дагенхем и Редбриџ
Бристол – Вулверхемптон
Престон Норт Енд - Чарлтон Атлетик
Мидлсброу – Блекбурн Роверс
Бурнмаут - Вест Бромвич Албион
Менсфилд Таун – Виган Атлетик
Хал – Донкастер Роверс
Сандерленд - Стоук
Лестер – Квинс Парк Ренџерс
Брентфорд – Плимут Аргил
Ковентри Сити - Шефилд Венсдеј
Њукасл - Бромли
Евертон – Питерборо Јунајтед
Викомб Вондерерс - Портсмут
Бирмингем - Линколн Сити
Лидс - Харогејт Таун
Нотингем Форест - Лутон
Шефилд Јунајтед – Кардиф
Ипсвич - Бристол Роверс
Фулам - Вотфорд
Кристал Палас - Стокпорт. дс
Фото: Архива