• сабота, 23 ноември 2024

„Ејсер“ го претстави најлесниот професионален лаптоп

„Ејсер“ го претстави најлесниот професионален лаптоп

Лос Анџелес, 10 октомври 2022 (МИА) - „Ејсер“ го претстави новиот лесен лаптоп дизајниран за професионалци во движење, во свет каде што луѓе сѐ уште имаат избор да работат од дома.

„Свифт еџ“ е 16-инчен ОЛЕД-лаптоп со магнезиумско-алуминиумско куќиште, дебело 12,95 милиметри, долго 356,7 мм и широко 242,3 мм, а тежи само 1,17 килограм. Тоа значи дека е полесен од 13,6-инчниот „М2 Мекбук ер“ (1,25 кг) и 16-инчниот „Ел-џи-грам“ (којшто тежи 1,2 кг). Лаптопот се напојува со процесори „АМД рyзен 6000“ и „Про 6000“ што доаѓаат со интегрирана „РДНА-2“ графика, која овозможува, на пр., видеоигри со резолуција од 1.080 пиксели. Процесорот е поврзан со ЛПДДР-5 РАМ од 16 гигабајти, што може да се зголеми на 32 ГБ, а се нудат 512 и 1 терабајт меморија. Лаптопот се напојува со батерија од 54 ват-часови којашто трае до 10,5 часа при гледање видеа и - до 8,5 часа сурфање на Интернет. Достапна е и камера „ФХД“ (1.920 x 1.080 пиксели), а лаптопот има и „Мајкрософт Плутон“ процесор, како и безбедносен чип за компјутери со „Виндоус“ оперативен систем. Продажбата на лаптопите во Европа почнува овој месец по цена од 1.499 евра.  си/ссм/

Остани поврзан