• понеделник, 24 јуни 2024

ЕУ: Ќе го зголемиме финансирањето за борба против омразата кон Евреите и муслиманите

ЕУ: Ќе го зголемиме финансирањето за борба против омразата кон Евреите и муслиманите

Брисел, 6 декември 2023 (МИА) - Европската комисија денеска соопшти дека ќе ги зголеми средствата за заштита на луѓето и јавниот простор, особено на еврејските места за богослужба, поради растечкиот антисемитизам и ќе ја зајакне борбата против злосторствата од омраза врз Евреите и муслиманите.

Програмата PROTECT ќе биде засилена следната година со дополнително финансирање за заштита на јавните простори и местата за богослужба од сите вери, вклучително и зголемување од пет милиони евра за справување со заканите кои произлегуваат од зголемениот антисемитизам.

- Мораме да застанеме против антисемитизмот и антимуслиманската омраза секогаш кога ќе наидеме на нив, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Комисијата, исто така, најави дека ќе се обиде да го комплетира зајакнатиот Кодекс на однесување за борба против нелегалниот говор на омраза на Интернет пред февруари 2024 година и да ја зајакне соработката со граѓанските организации, експертите и јавните тела за откривање на говор на омраза.

Комисијата ќе ја поддржи и обуката на новинарите за почитување на медиумските стандарди и препознавање на говорот на омраза, а ќе започне и проекти насочени кон промовирање на инклузивноста и различностите во образованието, културата и спортот. Ќе се зголеми и поддршката за услугите за проверка на факти во ЕУ и во арапскиот свет.

Европската Унија, исто така, ќе ја засили поддршката за лицата кои вршат проверка на фактите, како во ЕУ, така и во арапските говорни подрачја. ссм/

фото: архива

Остани поврзан