• недела, 30 јуни 2024

ЕУ ја одобри гаранцијата за кредитот од 5 милијарди евра, која Франција му ја даде на Рено

ЕУ ја одобри гаранцијата за кредитот од 5 милијарди евра, која Франција му ја даде на Рено

Париз, 29 април 2020 (МИА) – Европската комисија ја одобри гаранцијата, која ја дава француската држава за кредитот од 5 милијарди евра за автомобилската група Рено, со цел да се намалат последиците од пандемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

На 24 април францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, најави дека се размислува за еден таков кредит.

Автомобилскиот пазар во Франција и во Европа доживеа крах по воведувањето на мерките на ограничување поради епидемијата. тг/

Остани поврзан