• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ сака стабилни и заемно корисни односи со Кина, Пекинг бара од Брисел заедно да одговорат на глобалните предизвици

ЕУ сака стабилни и заемно корисни односи со Кина, Пекинг бара од Брисел заедно да одговорат на глобалните предизвици

Пекинг, 7 декември 2023 (МИА) - Европската унија сака „стабилни и заемно корисни односи“ со Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на самитот ЕУ-Кина што се одржува денеска во Пекинг.

Тој го упати својот повик во услови на значително зголемување на билатералната трговска нерамнотежа во корист на Кина.

„Сосема природно, денес ќе ги поддржуваме нашите европски вредности, вклучително и човековите права и демократијата“, додаде Мишел.

Кинескиот претседател Си Џинпинг од своја страна најави соработка со ЕУ за да се постигнат заеднички цели.

„Мораме да одговориме заедно на глобалните предизвици и да работиме заедно за да придонесеме за стабилност и просперитет ширум светот“, повика тој.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, побара од Брисел и Пекинг да обрнат внимание на „нерамнотежата и разликите“ меѓу нив.

„Кина е најголемиот трговски партнер на ЕУ. Сепак, очигледно постојат нерамнотежи и разлики, кои треба да ги решиме“, рече Фон дер Лејен.

Според нејзините податоци, трговскиот дефицит на ЕУ со Кина е двојно зголемен за две години и достигнал 390 милијарди евра минатата година.

Брисел и Пекинг ги обновуваат дипломатските контакти по пандемијата на новиот коронавирус. Ова е прв самит ЕУ-Кина во живо во повеќе од четири години. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан