ЕУ подготвува дополнителна хуманитарна помош за Авганистан
- Европската унија, поради влошената хуманитарна ситуација во Авганистан, ќе и обезбеди на земјата уште милиони евра помош, јави ДПА.
Брисел, 11 јуни 2024 (МИА) - Европската унија, поради влошената хуманитарна ситуација во Авганистан, ќе и обезбеди на земјата уште милиони евра помош, јави ДПА.
Околу 125 милиони евра ќе бидат доделени на хуманитарните организации во Авганистан за да се спречи ризикот од глад, објави ЕК.
Помошта првенствено ќе се користи за обезбедување храна, засолништа, здравствена заштита и пристап до вода и санитарни услови.
Како што е наведено, на Авганистан ќе му бидат обезбедени уште 11 милиони евра. Тие ќе бидат наменети за авганистанските бегалци и за подготовка на властите за справување со катастрофи. Околу 10 милиони евра се предвидени и за хуманитарни организации во Иран, вклучително и грижа за авганистанските бегалци.
ЕК обезбедува хуманитарна помош за Авганистан од 1994 година, во вкупна вредност од околу 1,8 милијарди евра досега. Лани беа доделени нешто под 160 милиони евра помош. Ситуацијата во Авганистан се претвори во една од најтешките хуманитарни кризи во светот.
Според податоците на ЕК, речиси 24 милиони луѓе во Авганистан се зависни од помош. паг/
Фото: МИА архива