• недела, 22 декември 2024

ЕУ онлајн Самит до крајот на јануари посветен на ситуацијата со коронавирусот

ЕУ онлајн Самит до крајот на јануари посветен на ситуацијата со коронавирусот
Брисел, 5 јануари 2021 (МИА) - Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе одржат онлајн средба до крајот на јануари за да разговараат за состојбата со ширењето на коронавирусот, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на прес-конференција во Португалија, претседател на Советот на ЕУ. - Видео конференциска средба на шефови на држави или влади ќе се одржи до крајот на јануари, рече тој. Според Мишел, лидерите ќе разговараат за развојот на пандемиската состојба, особено за вакцинирањето против коронавирус во Унијата. Овој состанок на шефовите на држави или влади на Европската унија, иако во виртуелен формат, ќе биде прв во новата година. ссм/  

Остани поврзан