• петок, 22 ноември 2024

ЕУ го  поздрави договорот за прекин на огнот во ДР Конго 

ЕУ го  поздрави договорот за прекин на огнот во ДР Конго 

Брисел, 1 август 2024 (МИА) – Европската Унија го поздрави договорот за прекин на огнот што вчера во анголскиот главен град Луанда го постигнаа Ангола, Демократска Република Конго и Руанда. 

Во реакцијата, што во име на Унијата ја упати високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, се поздравува „неуморната работа“ на Ангола како посредник на Африканската Унија за остварување напредок во мировниот процес во ДР Конго, како и посветеноста и Киншаса и Кигали за постигнување на договорот. 

- Повикуваме на брзо и сеопфатно спроведување на сите одлуки донесени на трилатералниот состанок и ги повикуваме сите страни во конфликтот строго да го почитуваат овој прекин на огнот, се додава во реакцијата. 

Борел воедно посочува и дека ЕУ ја цени важноста што ја имаат процесите во Луанда и Најроби за обезбедување мир и безбедност во регионот на Централна Африка на долгорочна основа.  

- Ја потврдуваме нашата цврста поддршка на овие процеси и нивните цели и нашата подготвеност да помогнеме доколку биде побарано од нас, во согласност со нашата Стратегијата за Големите езера, се додава во пораката на ЕУ. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан