• петок, 05 декември 2025

ЕУ ги повика САД да ја преиспитаат својата одлука за одбивање визи за палестинските претставници во ОН

ЕУ ги повика САД да ја преиспитаат својата одлука за одбивање визи за палестинските претставници во ОН

Копенхаген, 30 август 2025 (МИА) - Европската унија денеска ги повика САД да го „преиспитаат“ своето одбивање да издадат визи за палестинските претставници кои планираат да присуствуваат на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.

-Сите повикуваме оваа одлука да се преиспита, земајќи го предвид меѓународното право, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, во Копенхаген по состанокот на сите 27 министри за надворешни работи на ЕУ.

Вашингтон вчеравечер ја објави одлуката за одбивање визи, неколку недели пред почетокот на сесијата на Генералното собрание на ОН, каде што Франција ќе се залага за признавање на палестинска држава, а се очекува дека и други земји во Европа и светот ќе ѝ се придружат.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан