• вторник, 24 декември 2024

ЕУ ги повика САД веднаш да ги укинат царините воведени околу случајот со „Ербас“

ЕУ ги повика САД веднаш да ги укинат царините воведени околу случајот со „Ербас“
Брисел, 24 јули 2020 (МИА) – Европскиот комесар за трговија, Фил Хоган ги повика САД „веднаш да ги укинат неоправданите царини“ на европските производи, бидејќи европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се усогласи со регулативите на Светската трговска организација во долгогодишниот конфликт со американскиот „Боинг“ и ги исполни сите услови. - Неоправданите царини на европските производи се неприфатливи, ако не дојде до решение ЕУ ќе биде подготвена целосно да ги искористи своите права за санкции, истакна Хоган и додаде дека ЕУ дала конкретни предлози за да се постигне резултатот за кој беше преговарано во спорот. Европскиот производител на авиони „Ербас“ денеска објави предлог за решавање на долгогодишниот спор со ривалот „Боинг“, што според ЕУ треба да доведе до тоа САД веднаш да ги укине казнените царини воведени поради конфликтот. Брисел и Вашингтон се во спор од октомври 2004 година пред Светската трговска организација, обвинувајќи се меѓусебно за давање спорна државна помош на компаниите. Од „Ербас“ истакнаа дека ова е последна фаза од решавањето на 16-годишниот спор, со што се отстранува секакво оправдување за американските царини. ки/јт/

Тагови

Остани поврзан