• понеделник, 23 декември 2024

„Еурофарм Пелистер“ со пораз од „Мотор“ го завршува учеството во ракометната ЕХФ лига

„Еурофарм Пелистер“ со пораз од „Мотор“ го завршува учеството во ракометната ЕХФ лига

Битола, 28 февруари 2023 (МИА) - Ракометарите на „Еурофарм Пелистер“ со пораз од украинскиот тим „Мотор“ кој вечерва во Битола славеше со 27:25, го заврши учеството во европската ЕХФ Лига.

Гостите од Украина во текот на целиот натпревар беа во водство, почнаа со брза предност од 3:0, полувремето го завршија со водство (13:15), а на крајот благодарение на расположените за игра  Турченко, Хориха и и Касаи, заслужено славеа со 27:25 и го одведоа РК Мотор во следната фаза од ракометната ЕХФ лига.

Успехот на гостите со аплауз беше награден од битолската публика која очекуваше пласман на Еурофарм Пелистер во втората фаза од ЕХФ Лигата.

На прес конференцијата по средбата, гостинскиот ракометар Карлос Молина изјави дека победата ја посветуваат на украинскиот народ, украинскиот ракомет и спорт, додека ракометарот на „Еурофарм Пелистер“ Жарко Пешевски рече дека време е за анализа и подготовка за следни ракометни предизвици во домашното првенство и СЕХА лигата. мт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан