• сабота, 05 октомври 2024

Еурофарм Пелистер победник на ракометниот турнир во Струга

Еурофарм Пелистер победник на ракометниот турнир во Струга
Струга, 16 август 2020 (МИА) – Екипата на Еурофарм Пелистер го освои трофејот на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Битолчани вечерва во финалето славеа победа над „црвено-црните“ со 26:23 (13:13 на полувреме). Покрај финалето, во текот на денот се одиграа и натпреварите за пласман: за 3. место Охрид – Металург 25:31 за 5. место Прилеп – Бутел 23:25 за 7. место Струга – Еурофарм Пелистер 2 21:23. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Градимир Чаневски од Еурофарм Пелистер, Тимур Дибиров од Вардар е најдобар стрелец, додека најдобар играч е Стипе Мандалиниќ од Еурофарм Пелистер. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан