• понеделник, 23 декември 2024

Ето му изрази поддршка на Роналдињо, кој се наоѓа во парагвајски затвор

Ето му изрази поддршка на Роналдињо, кој се наоѓа во парагвајски затвор
Барселона, 23 март 2020 (МИА) - Камерунскиот напаѓач Самуел Ето го поддржа поранешниот соиграч во Барселона, Роналдињо, кој е во затвор во Парагвај. - Не можам да опишам како се чувствувам. Не можам да замислам низ што минуваш. Само можам ментално да ти испратам енергија и да кажам дека многу те сакам. Се надевам дека сè ќе се реши брзо, затоа што ти си добра личност. Можеш да сметаш на мене, ќе направам се што ти треба, рече Ето во обраќањето до Роналдињо преку социјалните мрежи. Бразилецот беше уапсен поради употреба на лажни документи, а пред два дена во затворот во Парагвај го прослави својот 40. роденден. зс/

Остани поврзан