• петок, 05 декември 2025

ЕСПН: Интер Мајами блиску до потпишување на нов договор со Меси

ЕСПН: Интер Мајами блиску до потпишување на нов договор со Меси

Мајами, 18 септември 2025 (МИА) - Интер Мајами преговара за нов долгорочен договор со напаѓачот Лионел Меси, објави „ESPN“.

Според американскиот медиум, остануваат да се разјаснат неколку детали. Се очекува договорот со 38-годишниот Аргентинец наскоро да биде потпишан, а потоа да биде испратен до МЛС за одобрување.

Меси е во Интер Мајами од јули 2023 година. Неговиот тековен договор важи до 31 декември 2025 година.

Во сезоната 2025 година, Меси постигна 23 гола и имаше 11 асистенции во 29 натпревари во сите натпреварувања.

„Трансфермаркт“ ја проценува на Аргентинецот на 18 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан