• понеделник, 23 декември 2024

Еспер: Политичкиот договор и понатаму е решение за Северна Кореја

Еспер: Политичкиот договор и понатаму е решение за Северна Кореја
Вашингтон, 3 јануари 2020 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека за САД политичкиот договор за денуклеаризација е најдобар пат за решавање на прашањето Северна Кореја, додавајќи оти американските сили се подготвени да се борат ако е неопходно. - Ние го повикавме Ким Џонг-ун на воздржаност, посочи Еспер. Ким претходно изјави дека нема повеќе основа Пјонгјанг да се придржува до мораториумот за интерконтиненталните балистички ракети и тестирање на нуклеарни бомби. Тој најави и дека ново стратешко оружје ќе биде претставено во блиска иднина. Неименуван американски претставник изјави дека нема индиции оти Северна Кореја се подготвува за тестирање на ракети со долг дострел во блиска иднина. ми/

Остани поврзан