• понеделник, 23 декември 2024

Ескобар на средба со командантот на КФОР за безбедносната состојба во регионот

Ескобар на средба со командантот на КФОР за безбедносната состојба во регионот

Приштина, 14 март 2024 (МИА) – Командантот на мисијата на НАТО во Косово - КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ ги примил американскиот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој престојува во официјална посета на Косово и амбасадорот на САД во Приштина, Џеф Ховениер, со кои разговарал за теми поврзани со одржливата безбедност на Косово и регионалната стабилност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти КФОР, Улуташ на средбата ја потврдил „цврстата посветеност на КФОР за обезбедување на безбедносната рамка за поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, олеснет од ЕУ“.

„Состанокот даде можност за размена на мислења за низа теми поврзани со трајната безбедност во Косово и регионалната стабилност. Генерал-мајор Улуташ информираше за активностите на КФОР и за неговите ангажмани со широк спектар на дејствување“, се наведува во соопштението на КФОР.

Улуташ ја потврдил „цврстата посветеност на КФОР да обезбеди безбедносна рамка за поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, олеснет од ЕУ“ и воедно го поздравил „долгогодишниот придонес на САД за КФОР и за стабилноста на Западен Балкан“.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, допатува вчера во официјална посета на Косово, во обид да го поттикне продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите меѓу двете земји, како и за изнаоќање решенија за проблемите кои ја попречуваагт нормализацијата. Вчера тој се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со лидерите на најголемите опозициски партии, а за денеска е најавена средба со премиерот Албин Курти.иа/сд/

Остани поврзан