• вторник, 17 декември 2024

Ескобар: Бериша „нон грата" се заснова на докази, ги повикувам албанските институции да го испитаат тоа

Ескобар: Бериша „нон грата
Тирана, 25 октомври 2022 (МИА) - Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ги повика албанските институции „да ја  разгледаат  „Нон грата“ на Сали Бериша, бидејќи се заснована на факти и докази".
- Одлуката да се прогласи за нон грата  беше институционална одлука. Тоа не беше индивидуална, ниту политичка одлука. Тоа беше одлука што ја донесовме поради корупцијата што ја најдовме. Би ги повикал институциите во Албанија да го испитаат тоа, изјавил Ескобар за Гласот на Америка.
Но, сакам да кажам, додал тој,  дека сè уште имаме добри партнери во Демократската партија.
- Сакаме Демократската партија да биде силен и важен придонесувач за политичката стабилност во Албанија. Ги повикувам  приврзаниците на Демократската партија да размислат за сликата што ја пренесуваат, доколку  на чело би имале луѓе кои државниот секретар ги означил за корумпирани и непожелни, изјавил Ескобар.
Поранешниот албански претседател, експремиер и сктуекен лидер на побројното крило на ипозициската Демократска партија, Сали Бериша, САД го пригласија за нон грата во мај минатата година поради корупција.
Во јуни годинава непожелен Бериша беше прогласен и во Велика Британија. вт/

Остани поврзан