Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
- Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптираше денеска во траење околу пет минути, исфрлајќи пепел пет километри високо во воздухот, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.
Џакарта, 13 мај 2024 (МИА) - Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптираше денеска во траење околу пет минути, исфрлајќи пепел пет километри високо во воздухот, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.
Засега не се издадени наредби за евакуација.
Во сила е третото ниво на предупредување, од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот Хендра Гунаван. рп/
Фото: ЕПА