• понеделник, 25 ноември 2024

Ерион Велиај по третпат избран за градоначалник на Тирана

Ерион Велиај по третпат избран за градоначалник на Тирана

Тирана, 15 мај 2023 (МИА) - Четириесет и четири-годишниот  Ерион Велиај по третпат е избран за градоначалник на албанскиот главен град, Тирана,  откако на вчерашните избори доби 54,28 отсто од оние кои гласале.

Во трка за оваа функција беа уште пет кандидати, но главната битка се водеше меѓу Велиај од Социјалистичката партија и Белид Келичи од коалицијата „Заедно победуваме" кој освои 34,97 отсто од гласовите.

Прогласувајќи ја победата Велиај рече дека кандидатите на Социјалистичката партија победиле во четирите општини од округот Тирана( Вора, Рогожина, Тирана, Камез).

- Се заблагодарувам на сите кои гласаа за мене но и на оние кои својот глас го дале за друг кандидат. Ветувам дека ќе продолжиме со проекти за доброто на сите, рече меѓу другото Велиај.

Велиај за првпат градоначалник беше избран на локалните избори во 2015, кога на оваа функција го наследи Љуљзим Баша, поранешниот лидер на опозициската Демократска партија. 

Според медиумите, од вкупно 61 општина, во 53 победиле кандидатите на Социјалистичката партија, во 7 коалицијата " Заедно победуваме" и во Финиќ кандидатот на партијата на грчкото малцинство МЕГА. вт/ссм/


ФОТО принтскрин од јутуб

Остани поврзан