• понеделник, 25 ноември 2024

Ердоган: Турција и Египет сакаат подлабока соработка во областа на нуклеарната енергија и природниот гас

Ердоган: Турција и Египет сакаат подлабока соработка во областа на нуклеарната енергија и природниот гас

Анкара, 4 септември 2024 (МИА) - Турција сака да ги продлабочи врските со Египет во областа на природниот гас и нуклеарната енергија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорите со неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси.

Ердоган за време на заедничката прес-конференција со Сиси рече дека двете земји ја потврдиле својата подготвеност да ги подобрат односите во сите области, вклучително и трговијата, одбраната, здравството, енергијата и прашањата за животната средина.

Министрите на двете земји потпишаа голем број договори пред изјавите на лидерите. рп/

Остани поврзан