• сабота, 21 декември 2024

Ердоган: Продолжувањето на договорот за извоз на жито од Украина би било правилна одлука

Ердоган: Продолжувањето на договорот за извоз на жито од Украина би било правилна одлука
Анкара, 12 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека продолжувањето на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море ќе биде правилна одлука.
Постојниот договор истекува на 19 ноември.
„Мислам дека би било погрешно таму да се постави временско ограничување“, изјави Ердоган.
Турција, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат поради руската инвазија на Украина.
Сите страни во моментов преговараат за можно продолжување и проширување по истекот на претходниот договор, а Ердоган рече дека Турција е решена да транспортира руско жито и ѓубриво во помалку развиените земји.
Тој додаде дека најважно за Турција е спроведувањето на договорот за коридорот за жито и посредувањето меѓу Русија и Украина во насока на воспоставување мир.
„Се разбира, целта на рускиот претседател Владимир Путин е да го насочи транспортот кон сиромашните африкански земји, особено Мали, Сомалија и Судан. Тој ми понуди бесплатно да им испратиме жито. Штом се направи таков чекор, можеме и ние да покажете ист вид сензибилитет“, рече турскиот претседател.
Нагласувајќи дека не би било фер да се остави Африка настрана и да се испраќа жито само во Европа, Ердоган рече дека е важно да се обезбеди интензивен транспорт на жито, ѓубрива и амонијак во сиромашните земји. паг/
   

Остани поврзан