• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган: Инфлацијата и слабата излезност влијаеа на изборните резултати

Ердоган: Инфлацијата и слабата излезност влијаеа на изборните резултати

Анкара, 3 април 2024 (МИА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган зборуваше по локалните избори во оваа земја и дебаклот што неговата партија го доживеа во речиси сите поголеми центри во Турција. Тој, според турските медиуми, нагласил дека трошоците за живот и инфлацијата влијаеле на изборните резултати.

Ердоган се обратил до Извршниот комитет на АКП и дал јасни инструкции на членовите на партискиот комитет и рекол дека гласачите не излегле во голем број на изборите.

-Тој рече дека во актуелната ситуација удел имаат партискиот штаб, кандидатите и партиската организација. Посебно нагласи дека се што се случило од процесот на селекција на кандидати до спроведување на изборите ќе биде детално оценето, пишува Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган посочи дека по враќањето во Турција ќе ги посети сите победнички региони.

-Сега сум зафатен, имам некои патувања. Кога ќе се вратам од Америка и Саудиска Арабија, се надевам дека ќе ги посетам нашите победнички региони, заклучи турскиот претседател. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан