• петок, 22 ноември 2024

Ердоган заразен со коронавирус

Ердоган заразен со коронавирус
Анкара, 5 февруари 2022 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и имаат благи симптоми. Ердоган наведе дека е заразен со Омикрон варијантата на вирусот. „Денеска добив позитивни резултати од тестот за Ковид, што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома“, напиша Ердоган на Твитер. паг/  

Остани поврзан