• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Добивме одговорност да владееме во следните пет години, единствениот победник е Турција

Ердоган: Добивме одговорност да владееме во следните пет години, единствениот победник е Турција

Анкара, 28 мај 2023 (МИА) - Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

- Добивме одговорност да владееме во следните пет години, им порача Ердоган на граѓаните собрани во Истанбул.

Ердоган, пред насобраните приврзаници во Истанбул истакна дека единствен победник е Турција и им се заблагодари на граѓаните што гласале.

Тој оцени дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан