• вторник, 05 ноември 2024

Еразмус+ инфоцентар ќе биде отворен во Битола

Еразмус+  инфоцентар ќе биде отворен во Битола

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) утре во Битола ќе отвори Еразмус+ инфоцентар кој ќе биде креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица.

Од Агенцијата велат дека инфоцентарот ќе биде „почетокот на нова приказна од каде ќе произлезат нови идеи и можности преку Еразмус+“.

-Инфоцентарот ќе биде креативен простор на младите, каде што нивните идеи ќе бидат слушнати и ќе се информираат за сите новости од НАЕОПМ, соопшти Национаната агенција. 

На отворањето на инфоцентарот ќе бидат претставени дела на младата уметница Јана Танчевска, ќе има дегустација на македонски вина и музичка програма на учениците од музичкото училиште во Битола. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан